Полицијата изврши увид, се проценува материјалната штета што Крмов ќе треба да ја плати, вели Џафери

November 21, 2023
1 min read

Од собраниската прес-служба информираат дека увидот од страна на МВР е завршен и сега се врши проценка од страна на собраниска комисија, осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења, по што ќе се знае висината на направената штета

Припадници на Министерството за внатрешни работи синоќа извршиле увид на направената штета по вчерашниот инцидент што го предизвикаа пратениците на Левица за време на амандманската расправа во Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека постапката натаму треба да ја води Обвинителството или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб-страницата на парламентот.

Од собраниската прес-служба информираат дека увидот од страна на МВР е завршен и сега се врши проценка од страна на собраниска комисија, осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења. По ова, додаваа од собраниската прес-служба, ќе се знае висината на направената штета.

За направената штета, собранискиот спикер Џафери вели дека таа ќе треба да биде надоместена од пратеникот Борислав Крмов од Левица, кој го искрши мониторот и друг инвентар на претседавачката маса во пленарната сала.

„Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот“,

вели Џафери во изјава за МИА и додава дека така ќе биде и во овој случај.

Поради неможноста пленарните седници да се одржуваат во салата за седници од денеска до санирање на штетата тие ќе се одржуваат во големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, предизвикаа инцидент за време на амандманската расправа за новиот Деловник за работа на Собранието. Крмов, барајќи од потпретседателот Горан Мисовски седницата да биде прекината, искрши дел од инвентарот, вклучувајќи и монитор од претседавачката маса и расфрлаше листови од амандманите, а потоа нему му се придружи и Димитар Апасиев.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израел покажува како изгледаат американските војни

Следно

За што се сликаа? Месец по сечената лента уште не е достапен апаратот за компјутерска томографија

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop