„Полиграф“: Кој ги пренесе некритички непоткрепените обвинувања на Медведев за „русофобија“?

April 30, 2024
1 min read

Некои медиуми продолжуваат некритички да пренесуваат пропагандни изјави од руски функционери поврзани со агресијата на Русија врз Украина.

На пример, на 21 април 2024, порталот Република објави наслов: „Медведев за новиот пакет помош од САД за Украина: Тоа е русофобија“. Истиот наслов го објавија и порталот „Локално“, како и порталот „Скопје 1“. И порталот МКД.мк објави наслов: „Медведев за пакетот американска помош за Украина: Тоа е русофобија“.

Но, овие непоткрепени обвинувања за „русофобија“ не се ништо ново. Проверувачите на факти од „ЕУ вс. Дисинфо“ даваат повеќе примери за употребата на зборот „русофобија“ како дел од класичниот наратив со дезинформации на Кремљ.

Уште во 2022 година, и проверувачите на факти од Вистиномер укажаа дека „Обвинувањата за „русофобија“, кои тогаш ги ширеше руската амбасада, се „дел од пропагандниот арсенал на Кремљ…“.

И американскиот Стејт департмент ги препознава овие обвинувања како дел од главните наративи со дезинформации на Русија, која глуми жртва и ги етикетира како „русофоби“ сите што ја осудуваат нејзината агресија во Украина, иако таа беше осудена и со Резолуција на Генералното собрание на ОН.

Инаку, во контакт групата за одбрана на Украина учествуваат над 50 држави, меѓу кои и Северна Македонија. Тие ја помагаат Украина, не заради „русофобија“, туку затоа што Украина има неприкосновено право на самоодбрана од надворешна агресија.

Затоа, обвинувањата на Медведев за „русофобија“ може да се сметаат за пропагандни дезинформации. Медиумите не треба некритички да пренесуваат вакви обвинувања, кои се злоупотребуваат за оправдување на руската агресија врз Украина.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хороскоп: Скорпијата ќе добие добри вести, а овој знак ќе има проблеми со здравјето

Следно

Партиите лицитираат со плати, работниците сакаат достоинство

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop