Почнува хашкиот процес против поранешен претседател на Косово, Тачи

April 3, 2023
1 min read

Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почнува судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца соучесници.

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени.

На првиот ден од судењето воведниот говор ќе го одржат обвинителите. Потоа, во текот на неделата, воведниот говор ќе го има правниот застапник на повеќе од 140 жртви, на кои судот им одобри да учествуваат во судењето.

Тачи (54) поранешен претседател и поранешен лидер на ОВК поднесе оставка од функцијата шеф на државата веднаш по подигнувањето на обвинението и е во притворската единица на судот во Хаг.

Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на Парламентот, се соочуваат со истото обвинение како и поранешните припадници на ОВК.

Покрај Тачи, за извршени злосторства врз Албанци, Срби и Роми во Косово и во Албанија во 1998 – 99 година обвинети се и членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Обвинението ги товари Тачи (54), Весељи (55), Селими (52) и Красниќи (72) за злосторства извршени во 42 нелегални притворени центри на ОВК во Косово и во Албанија против околу 407 притвореници, од кои најмалку 98 биле убиени во периодот од март 1998 до септември 1999 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По обработени 81 отсто од гласовите во Бугарија, коалицијата на Борисов води со два отсто над онаа на Петков

Следно

Од денеска „Паркинзи на општина Центар“ ќе вршат и комунални услуги

Latest from Blog

Ештон Качер открива кој според него наметнува нереални стандарди за убавина

47-годишникот моментално глуми во научно-фантастичната серија „The Beauty“, во која се прикажува дрога што може да ја претвори личноста во најатрактивната, идеализирана верзија од себе, пишува Би-Би-Си. „Индустријата е одраз на општеството“

Зимска грижа за здрави растенија

Зимата значи дека собните растенија се наоѓаат во променети услови за раст. За време на студените месеци нивниот метаболизам се забавува, растенијата преминуваат во состојба на мирување, а растот е значително побавен

Бојковска: Измените на Кривичниот законик означуваат борба против корупцијата, оваа Влада ќе испорача закони еднакви за сите

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик,
Go toTop