Почина американската рок-легенда Дејвид Крозби

January 20, 2023
1 min read

Крозби постигна редок подвиг во кариерата – двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот

На 81-годишна возраст почина познатиот американскиот рок-кантавтор Дејвид Крозби.

Фото: EPA-EFE/GARY WILLIAMS

Информацијата за неговата смрт, во изјава за американски медиум, ја потврдила неговата сопруга.

„По долго боледување почина нашиот сакан Дејвид Крозби. Иако тој повеќе не е со нас, неговата хуманост ќе продолжи да не водат и инспирира. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“,

изјавила сопругата на Крозби за американски медиум.

Крозби е роден во Калифорнија на 14 август 1941 година, како син на оскаровецот и холивудски кинематографер Флојд Крозби.

Рок-пејачот, гитарист и текстописец беше еден од основачите на два од најголемите бенда од 1960-тите години „Брдс и Крозби“ и „Стилс и Неш“. . Кариерата ја започна 1964 година, како член на „Брдс“, позната по преработката на хитот на Боб Дилан – „Tambourine Man“.

Тој постигна редок подвиг во кариерата – двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кога ќе вее снег во Скопје?

Следно

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop