ПМФЛ: Без голови на дербито меѓу Работнички и Шкендија, Силекс ја совлада АП Брера (ВИДЕО)

November 3, 2024
1 min read

Се одиграа пет од шестте натпревари од колото во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а ниту еден од домаќините не дојде до триумф, дербито меѓу Работнички и Шкендија заврши без голови 0-0.

Гостивар со гол на Елвис во 67. минута дојде до победа од 1-0 на гостувањето кај Шкупи во Чаир. Струга со пресврт дојде до победа од 2-1 на гостувањето кај Беса. По четири минути игра во второто полувреме, Башким Велија донесе водство од 1-0 за Беса.

Стефан Јевтоски од слободен удар во 63. минута изедначи на 1-1, а само минута подоцна Кехинде погоди за комплетен пресврт и победа на Струга од 2-1.Силекс со минимални 1-0 ја победи Брера во Струмица. Рајков во 16. минута беше стрелец на единствениот гол.

Немаше голови на натпреварот меѓу Воска и Тиквеш. Колото ќе биде комплетирано вечерва во 19 часот во Битола каде Пелистер го пречекува Вардар во вечното фудбалско дерби.

Резултати:
Работнички – Шкендија 0-0
Шкупи – Гостивар 0-1
Беса – Струга 1-2
Брера – Силекс 0-1
Воска – Тиквеш 0-0
Пелистер – Вардар 19 часот

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

46. Истанбулски маратон започна на азиска страна, заврши на европска страна

Следно

Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop