Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја, ЕСМ наскоро ќе биде вратено во нормала

November 23, 2024
1 min read

Криминалното и недомаќинско работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес, истакна на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Ако во 2017 година кога ЕСМ го раководеше премиерот Христијан Мицкоски просечната производствена цена на 1 мегават час струја во РЕК Битола беше 33 евра, сега истата е 133 евра за мегават час.

Зошто е тоа така?

Ако ја погледнеме статистиката ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа.

А што се случува потоа? Цената од година во година расте за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават час, а во 2024 година 133 евра за мегават час.

Растот на цената е причинет од не копањето на сопствен јаглен, и скапиот увозен јаглен.

Бизнис интересот на СДС и ДУИ сега го плаќаме сите ние.

Цената на произведен мегават час струја може да се намали и веќе раководството на ЕСМ работи на тоа. Последиците кои СДС и ДУИ ги причинија уште некое време ќе се чувствуваат.

Набргу од денес ЕСМ ќе биде целосно консолидирана и вратена во нормала, а производствената струја повторно ќе биде по далеку пониски цени од времето на СДС и ДУИ, порача Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку четворица загинати при израелски воздушен напад врз Бејрут

Следно

Зајкова: Со Предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

Latest from Blog

ОНКОЛОГОТ РИСТЕСКИ: Никотинските лепенки не лечат рак, не слушајте глупости по интернет, напротив – го штитат ракот

– Реномираниот онколог д-р Милан Ристески предупредува на невистинитоста на содржини во кусите видеа коишто се шират на социјалните мрежи, а се однесуваат на канцерот и наводната лековитост на никотинските лепенки. -Повторна

Се дигитализира системот за заразни болести

Ќе се воведе целосно нов електронски систем за задолжително пријавување на заразни болести. Клучната новина е системот АЛЕРТ 2.0, кој ќе овозможи брзо известување и предупредување врз основа на симптомите на пациентите.
Go toTop