Пентагон: Над САД е открин разузнавачки балон на Кина

February 3, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон) соопшти дека е откриен разузнавачки балон за надзор на голема височина над САД и дека американската војска го следи неговото движење, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, преку телеконференција даде изјава за медиумите во врска со тоа.

„Владата на САД откри балон за надзор од голема височина над копното на САД кој моментално се следи. Владата на САД, вклучувајќи ја Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (NORAD), одблизу го следи балонот. Балонот моментално се наоѓа на многу голема височина од сообраќајот на цивилната авијација и не претставува никаква физичка или воена закана за луѓето на копно“, истакна Рајдер.

Тој потсети дека вакви случаи со балони се случиле и во минатото и нагласи дека преземени се потребните мерки со цел балонот да не собира разузнавачки информации.

По Рајдер, изјави за медиуми даде и друго официјално лице од Пентагон кое сакаше да остане анонимно: „Сигурни сме дека овој балон за надзор од голема височина припаѓа на Кина. Исто така и пред неколку години беа откриени вакви балони. Претседателот [Џо] Бајден беше информиран за ова“.

Официјалниот претставник нагласи и дека балонот има слаби капацитети за собирање разузнавачки информации во САД.

Американските власти стапиле во контакт со кинеските власти во врска со ова прашање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркиш Техник“ ќе ги одржува авионите на „Ер Србија“

Следно

Твитерџија со едноставна идеја како да се зголеми безбедноста на пешаците во Скопје

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска: ‘Стандард и Пурс’ потврдува одговорно управување со јавните финансии

Агенцијата „Стандард и Пурс“ ја потврди кредитната оценка на Македонија на ‘BB’ со стабилни изгледи, што, според министерството за финансии, е јасен сигнал за доверба во економските политики и фискалната стабилност на

Дневен хороскоп за 24 Јануари 2026

ОВЕН Денеска може да влезете во расправија или жесток разговор. Имајте на ум дека вашата гледна точка не е единствената точна. Дури и ако сте сигурни во себе, слушајте ја и другата
Go toTop