Пациентка со Паркинсонова болест свири кларинет за време на операција на мозок (видео)

October 26, 2025
1 min read

Во необична
хируршка процедура, 65-годишна пациентка со Паркинсонова болест свирела
кларинет додека лекарите го стимулирале нејзиниот мозок со електрични импулси
за да ги следат непосредните ефекти од операцијата.

Дениз
Бејкон, поранешна логопедка од Источен Сасекс, била подложена на четиричасовна
операција со длабока стимулација на мозокот (DBS) во болницата Кингс колеџ во
Лондон за да ги ублажи симптомите на Паркинсонова болест кои со години влијаеле
на нејзината способност да оди, плива, танцува и свири кларинет.

Постапката
вклучува имплантирање електроди во одредени делови од мозокот, користејќи
прецизна навигациска опрема. Пациентката била будна за време на операцијата, а
главата ѝ била под локална анестезија.

„Направивме
дупки со големина од половина пени и ги имплантиравме електродите прецизно во
посакуваните области на мозокот“, објасни професорот по неврохирургија Кејомарс
Ашкан.

Откако беше
вклучена електричната стимулација, движењата на десната рака се подобрија штом
беше стимулирана левата хемисфера на мозокот, а истото се случи и со левата
рака кога беше активирана десната страна.

За да ги
проверат ефектите во реално време, лекарите ѝ предложиле на Дениз да го донесе
својот кларинет во операционата сала.

„Се сеќавам
како десната рака веднаш ми се движеше полесно штом започна стимулацијата, што
ми овозможи повторно да свирам кларинет – бев пресреќна“, рече Дениз.

Пред
операцијата, таа беше принудена да престане да свири пред пет години поради
симптоми, иако претходно беше членка на концертниот бенд „Ист Гринстед“.

По
операцијата, таа веќе чувствува подобрување во одењето и се надева дека наскоро
ќе може да се врати на пливање и танцување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО+ФОТО) Пијан возач со Ауди помина на црвено и уби татко, мајка и дете во Белград

Следно

Ѓорѓиевски: Историско обединување за подобро Шуто Оризари

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на раст и пониска инфлација

24 септември 2026, Скопје – До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат

Specialja lehtëson kufizimet e vizitave për Thaçin

Çfarë ndryshoi: Gjykatësi i vetëm në çështjen për pengim të pretenduar të drejtësisë ka hequr menjëherë ndalimin për një pjesë të personave që më parë nuk lejoheshin ta vizitonin Hashim Thaçin. Ndalimi vazhdon

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да
Go toTop