Папата Франциск: Жените размислуваат поинаку од мажите, тие се ориентирани кон иднината

March 8, 2023
1 min read

Франциск назначи неколку жени на лидерски позиции откако стана папа, а минатата година рече дека „секогаш кога една жена добива позиција (одговорна) во Ватикан, работите се подобруваат“

Папата Франциск го осуди насилството и предрасудите врз жените и истакна дека обезбедувањето еднакви плати и можности за жените може да помогне да се создаде помирен и поодржлив свет. Во предговорот на книгата објавена на веб-страницата „Ватикан њуз“ на Меѓународниот ден на жената, Франциск ги нагласи разликите меѓу мажите и жените, но повика на „еднаквост во различностите“ на „игралиштето отворено за сите играчи“.

„Сакам да мислам дека жените, доколку може да уживаат целосна еднаквост на можности, би можеле во голема мера да придонесат за неопходните промени кон свет на мир, вклученост, солидарност и целосна одржливост“,

рече папата.

Тој накратко се осврна на Денот на жената на крајот од неговата неделна аудиенција на плоштадот „Свети Петар“, кога побара од толпата да „аплаудира за сите жени затоа што тие го заслужуваат тоа“.

Папата Франциск во минатото ја осудуваше дискриминацијата на жените, но како и неговите претходници, тој ги отфрли женските свештеници. Католичката црква учи дека само мажите можат да станат свештеници затоа што Исус избрал мажи за свои апостоли.

„Женското размислување се разликува од машкото. Тие посветуваат повеќе внимание на заштитата на животната средина, нивниот поглед не е свртен кон минатото, туку кон иднината. Жените разбираат дека раѓаат со болка за да постигнат голема радост: да дадат живот и да отворат огромни, нови хоризонти. Затоа жените секогаш сакаат мир“,

пишува папата во предговорот на „Повеќе женско лидерство за подобар свет“.

Папата посочи дека жените мора да бидат платени исто како и мажите за еднакви улоги и ја нарече разликата во платите „голема неправда“.

Тој го осуди насилството врз жените и потсети на говорот од 2021 година кога го нарече насилството врз жените „отворена рана што произлегува од патријархалната и мачоистичка култура на угнетување“.

Франциск назначи неколку жени на лидерски позиции откако стана папа, а минатата година рече дека „секогаш кога една жена добива позиција (одговорна) во Ватикан, работите се подобруваат“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Стефковски: Го решаваме проблемот со канализацијата во Триангла

Следно

Заканувачки пораки за експлозии доби Европската комисија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop