Ова се мајката и ќеркичката кои скокнаа од зграда во Скопје: Мојата внука и мојата сестра се жртви на системот, вели нејзиниот брат

March 2, 2026
1 min read

Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!

Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!

Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам

Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Паника во Реал: Мбапе замина во Франција на консултации за повредата!

Следно

Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

Latest from Blog

Богатите во бегство од Дубаи- приватните летови достигнаа астрономски цени

Додека повеќето туристи остануваат заглавени во хотели и на крстосувачки бродови, цените на приватните летови драстично се зголемија, објавува „Гардијан“. Нападите се случија како одговор на нападите на САД и Израел врз

Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока
Go toTop