Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

September 21, 2024
1 min read

Денеска имавме втора средба во рок во овие 10 дена, каде што разговаравме за пласманот на јаболкото од реколта 2024 година. Заедно со откупувачите се договорија минималните цени кои што ќе бидат за стартот на откупот на јаболкото од оваа реколта, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по средбата со откупувачите на јаболка во Ресен.

-Цените откупувачите ги соопштија и тие веќе од понеделник треба да бидат истакнати на секое откупно место. И она што јас можам да го ветам према земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се согласно законите и процедурите и она што сме го договориле, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека ќе се следи состојбата и секоја тенденција за зголемување нормално согласно потребите на пазарот нормално ќе има и корекција на самата цена.

-Овојпат за првпат како Министерство покажавме како на заедничка маса помеѓу откупувачите и земјоделците можеме да извлечеме некои цени кои што се надевам дека ќе бидат прифатливи од двете страни, појасни тој .

Тој посочи дека во наредниот период Министерството останува отворено за да се разговара за сите програми и сите поддршки кои што треба да ги дава истото Министерство, нормално и измена на законите и процедурите кои што ќе значат дефинирање на одредени слабости кои што низ годините се случувале во текот на откупот.

По изјавата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, изјава даде и еден од откупувачите на јаболка при што нагласи дека на денешната средба се дојде до едно решение да оваа сезона се започне со минимална цена со што јаболкото од прва класа Ајдарет да биде до 18 денари со тенденција на пораст. Сортите да бидат со минимални цени од 20 до 22 денари. Но, сепак се ќе зависи од сортата на јаболка.

-Доколку имаме добри земјоделци, ќе имаме и добри фирми понатака, заклучи еден од откупувачите.

-Откупната цена на индустриското јаболко ќе започнува со цена од 8 денари со тенденција од побарувачката и таа цена да расте кон повисока цена, појасни откупувачот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“

Следно

Стружани се кренаа: Казината и обложувалниците подалеку од децата

Latest from Blog

Состојба на патиштатa

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во

Кои две земји во ЕУ имаат најстари работници?

Работниците во Германија стареат. Германија има најстаро работно население во Европската Унија(EУ), а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов
Go toTop