Откриен идентитетот на сирискиот свиркач „Цезар“ кој ги разоткри злосторствата на режимот на Асад

February 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирискиот ‘свиркач’ – информатор, познат како „Цезар“, кој на медиумите им достави илјадници фотографии кои ја документираат тортура и масовните убиства во притворните центри на соборениот сириски режим, го откри својот идентитет, јавува Анадолу.

Тој за Ал Џезира откри како ги обелоденил документите кои ја откриваат тортурата и убиствата во затворите на режимот на Асад, кој беше соборен од сириската опозиција на 8 декември.

Фаред ал-Мадхан, поранешен офицер во сириската воена полиција, потврди дека тој е човекот кој стои зад најголемото протекување докази за воените злосторства од страна на режимот на Асад.

По потекло од Дара, тој работел како шеф на Одделот за форензички докази во Дамаск, каде тајно собирал и криумчарел илјадници фотографии на затвореници кои умреле под тортура.

Ал-Мадхан рече дека ги криумчарел фотографиите во мемориски картички скриени во неговата облека и леб за да избегне нивно откривање од структурите на режимот.

Тој додаде дека користел и „службена воена и лажна цивилна лична карта за да патува помеѓу неговото работно место во Дамаск и неговиот дом во Ал-Тал“.

„Операцијата на криумчарење се одвиваше речиси секојдневно“, рече Ал-Мадхан и додаде дека фотографиите ги носел од неговата канцеларија до неговиот дом.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Засилени контроли: Вчера казнети 29 возачи без дозвола, 4 пијани и 79 кои брзо возеле

Следно

ПСЖ потпиша со шведски репрезентативец

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална
Go toTop