Осумгодишно дете почина по напад од домашно куче

1 min read

Детето било нападнато од кучето на својот сосед, по што било префрлено Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите

Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според објави во дел од медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во Општина Кисела Вода.

Илустративна фотографија од напад од куче

По нападот, детето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.

„На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н.Г.“,

велат од МВР.

За несреќата е известен јавен обвинител, а телото на осумгодишникот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

„Матица македонска“ го објави романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче

Следно

Четири цивили загинаа во напад на сепаратистите во Камерун

Latest from Blog