Осум лица аплицираат за две места во ДИК

October 21, 2024
1 min read

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди листата на кандидати по Одлуката за огласување на избор на членови на Државната изборна комисија. Листата со осум кандидати треба да биде доставена до претседателот на Собранието.

По објавениот оглас се пријавиле Ивана Костадиноска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ангелчо Ристов од Делчево, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација, Атанас Урумов од Гевгелија, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ѓорѓи Коробашиев од Велес, дипломиран економист, Светлана Карапетрова од Тетово, дипломиран економист магистер по економија финансии, сметководство и ревизија, Емилија Андовска од Велес, дипломиран правник, Бети Горѓиеска од Скопје, дипломиран инженер по електротехника и Јана Илиева од Скопје, дипломиран правник и доктор на науки по меѓународно право.

Согласно членот 27 став 1 од Изборниот законик и Огласот, за член на Државната изборна комисија може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во земјава, да има завршено високо образование, со најмалку осум години работно искуство и да не член на орган на политичка партија.

Собранието на Република Македонија на седницата оддржана на 2 октомври 2024 година ја донесе Одлуката за огласуване на избор членови на Државната изборна комисија.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Среда неработен ден за сите граѓани

Следно

Муцунски: Подготвена нацрт – верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop