Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по една година престој во странство се врати во Кина

March 27, 2023
1 min read

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по повеќе од една година престој во странство се врати во Кина, соопшти денеска весникот „Саут Чајна Морнинг пост“.

Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд.

Кон крајот на 2020 година тој се повлече се јавноста откако го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Додека кинеските власти во последните месеци изјавуваа дека го намалиле притисокот и дека ќе бараат начини да го поддржат приватниот сектор, кинеските претприемачи наведуваат дека одлуката на Ма да остане во странство е фактор што ја поткопува довербата.

По објавувањето на веста во кинескиот весник акциите на „Алибаба“ во Хонг Конг пораснаа за повеќе од четири отсто.

Весникот не соопшти кога Џек Ма се вратил во Кина, но цитира извори кои велат дека го посетил училиштето што го основал во градот Хангжу, каде што се наоѓа централата на „Алибаба“ и финансиската компанија „Ant Group“. Изданието додава дека Ма се вратил во Кина по краткиот престој во Хонг Конг.

Британските медиуми наведуваат дека неодамна Ма се откажал од контролата во „ Ant Group“, кинескиот гигант во областа на компјутерската поддршка на банкарските и финансиските услуги. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Водовод“ со акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 март

Следно

Шмит: Време е да заврши процесот на формирање власт во БиХ

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална
Go toTop