Осигурување нејќе да плати за Северен тек

June 7, 2024
1 min read

Британските осигурителни компании тврдат дека немаат обврска да го испочитуваат нивното покривање на гасоводите Северен тек, кои беа кренати во воздух во септември 2022 година, бидејќи тој досега невиден чин на индустриска саботажа најверојатно го извршила (некоја?) национална влада.

Види: Северен тек во воздух го дигнаа Американците

Ова нивно тврдење оди контра наративите на Њујорк Тајмс, Вашингтон пост и други американски меинстрим медиуми кои тврдат дека приватен украински тим стои зад овој индустриски тероризам со кој, патем, во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан.

Види: Група незадоволни граѓани се одговорни за нападот на Северен тек, а не Америка

Компаниите се убедени дека ќе ја докажат веројатноста дека Северен тек е државно спонзорирано дигање во воздух, потсетувајќи дека штетата е настаната како директна или индиректна последица на конфликтот меѓу Русија и Украина поради што спаѓа под категоријата воени штети кои тие не ги покриваат.

[tweet:https://x.com/Erkperk/status/1780295791476605061]

Реакцијата на осигурителните компании доаѓа еден месец откако нивниот осигуреник, Нордстрим АГ, со седиште во Швајцарија, поднесе тужба поради неисплатеното обештетување.

Штетата на Северен тек се проценува на околу 1, 3 милијарди евра, а од осигурувањето се очекува да исплатат 400 милиони евра.

Види: Кога Русите не се криви, не е интересно

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санкционирани 124 возачи на територија на Скопје

Следно

ПО ТРИ МЕСЕЦИ ПРОРАБОТЕА ПЛАНЕТАРИУМОТ И БИФЕТО ВО МКЦ

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop