ОН: Повеќе од 7.000 цивили загинале во војната во Украина, реалната бројка е „значително поголема“

January 17, 2023
1 min read

Повеќе од 7.000 цивили загинале во Украина од почетокот на војната минатиот февруари, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Во соопштението се посочува дека повеќето регистрирани цивилни жртви настрадале при употребата на експлозивно оружје способно да зафати широка област, вклучувајќи тешко артилериско гранатирање, повеќе ракетни системи и воздушни напади.

Канцеларијата за права на ОН соопшти дека потврдила 7.031 цивилна смрт, но верува дека реалниот број на жртви е „значително поголем“ со оглед на потребата да се потврдат многу извештаи и да се пристапи до областите на интензивни борби.

Повеќето од регистрираните цивилни смртни случаи се случиле во областите под контрола на Владата во Украина – 6.536 споредено со 495 регистрирани во областите контролирани од руските сили. Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права не припиша одговорност за смртните случаи.

Украина вели дека бројот на убиени цивили може да достигне десетици илјади. Двете страни негираат дека целеле цивили.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борис Писториус е новиот германски министер за одбрана

Следно

ПОУБАВА ДРОГЕРИЈА НА СТАРО МЕСТО Реновирање на dm во ТЦ City Mall

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop