Околу 830.000 луѓе се засолнија во 154 објекти на ОН во Газа по израелските напади

November 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 830.000 луѓе раселени во Појасот Газа поради израелските напади се сместени во 154 објекти кои и припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), известува Анадолу.

Во писмената изјава што ја објави УНРВА се наведува дека од 7. октомври околу 1,6 милиони луѓе се раселени во различни делови на Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека околу 830.000 од овие луѓе се засолниле во 154 објекти на УНРВА, вклучувајќи ги и оние во северните региони.

УНРВА соопшти дека дневно ѝ се потребни 160.000 литри гориво за извршување на нејзините основни хуманитарни активности.

„Во Газа сега ни е потребен прекин на огнот и гориво. Доколку чекаме уште, ќе видиме дека главна причина за умирањето на луѓето ќе биде недостатокот на гориво“, рече во четвртокот генералниот секретар на УНРВА, Филипе Лазарини.

Израел спроведува немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

Оттогаш во овие израелски бомбардирања се убиени повеќе од 12.000 Палестинци, од кои над 5.000 деца и 3.300 жени, а 30.000 лица се ранети.

Во соопштението се наведува дека околу 3.750 луѓе се водат за исчезнати, од кои 1.800 се деца.

Во израелските бомбардирања животот го загубија и 200 медицински лица, 22 припадници на цивилната одбрана и 51 новинар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади на Газа се убиени повеќе од 12.000 Палестинци

Следно

Претрес во скопско Чучер Сандево, приведен дилер, пронајдени амфетамин, марихуана, масло од канабис

Latest from Blog

Тоневски: Почна обновата на улицата „Ленинов плоштад“ во Пробиштип

Во централното градско подрачје на Пробиштип во тек се активности за реконструкција на улицата „Ленинов плоштад“, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Во моментов се работи на отстранување на постојните бетонски

ПАДНА ПРВАТА ОСТАВКА – ШЕСТ ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА се свртеа против Стармер

Владата на британскиот премиер Кир Стармер се соочува со сериозна криза откако министерката за станбени прашања, заедници и локална самоуправа, Миата Фанбуле, поднесе оставка во вторникот. Овој потег доаѓа како директна последица

ЈКП „Комуналец“ го засилува темпото: Продолжуваат активностите за косење и уредување низ градот

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во делот на Градска Река, а од утре започнува и второто косење на Новите градски гробишта со дополнително ангажирана екипа косачи.

Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат
Go toTop