Околу 51 000 лица не гласале на претседателските избори до 13 часот

May 8, 2024
1 min read

Како продолжува изборниот ден, така продолжува и трендот кај дел од гласачите да ги бојкотираат претседателските избори. Според резултатите за излезноста до 13 часот објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, разликата изнесува 3 процентни поени поголем одзив на парламентарните од вториот круг на претседателските избори. Тоа значи дека се зголемува бројот на избирачи кои одлучуваат да не го земат ливчето за избор на претседател.

Во апсолутни бројки, на парламентарните избори денеска, до 13 часот и на пребројани 97,81% од избирачите, гласале вкупно 457 562 лица. Во истиот временски период и на пребројани 98,4% од избирачите, на вториот круг од претседателските избори гласале 406 735 гласачи. Тоа значи дека околу 51 000 гласачи, до 13 часот, решиле да го бојкотираат вториот круг од претседателските избори.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре сè ќе ви оди од рака: Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Следно

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop