Њујоршката полиција влезе во зградата на Универзитетот Колумбија и уапси над 100 пропалестински демонстранти

1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Њујоршката полиција доцна синоќа влезе во зградата на Универзитетот Колумбија, во која се наоѓаа пропалестински демонстранти, а американските медиуми јавуваат дека се приведени десетици луѓе, пренесува Анадолу.

Полицијата влезе во култната академска зграда на Хамилтон Хол преку прозорите со скала за пристап до објектот.

На телевизиските снимки што ги емитуваше Си-ен-ен се гледа како десетици полицајци влегуваат во зградата.

На снимките се гледа дека и најмалку еден полициски автобус со приведени демонстранти го напушта универзитетскиот кампус, а полициската акција е продолжена.

Зградата е исчистена од демонстранти околу 23 часот по локално време, два часа по почетокот на операцијата, а според медиумите, приведени биле повеќе од 100 лица.

Демонстрантите рано вчера влегоа во Хамилтон Хол, која ја преименуваа во Хиндс Хол во спомен на шестгодишното девојче Хинд Раџаб, кое е брутално убиено во Газа, и порачаа дека нема да ја напуштат зградата додека не се исполнат нивните барања.

Тие и другата група што постави камп на тревникот на кампусот бараат Универзитетот Колумбија да се огради од израелските компании и да ја осуди израелската војна на Појасот Газа. Претседателката на универзитетот, Минуш Шафик, изјави дека нема да го стори тоа.

Универзитетот Колумбија од април е жариште на студентските протести кои се проширија на десетици универзитети и колеџи низ САД, изразувајќи противење на израелската војна во Газа.

Претставници на Универзитетот Колумбија вчера се заканија со академско истерување на студентите кои го окупираа Хамилтон Хол. Универзитетот соопшти дека почнал да ги суспендира студентите кои не го испочитувале рокот да го напуштат протестниот камп, откако не успеаја неколкудневните разговори со водачите на протестите за демонтирање на шаторите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Силен земјотрес ја стресе Хрватска

Следно

Шест македонски борачи во Истанбул ќе бркаат пласман на ЛОИ 2024

Latest from Blog