Новоизбраните градоначалници на северот на Косово имаат нула политички легетимитет, вели известувачката за Косово во ЕП

May 28, 2023
1 min read

Ако е ова реалноста – ако гледаме оклопни возила, вооружена полиција и специјални единици кои ги чуваат општинските згради деноноќно, навистина треба да размислиме за други можности и други опции. Иако Косово де јуре има право да влезе во општинските згради, де факто мислам дека нема легитимитет да се направи такво нешто, вели специјалната известувачка за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон

Новите албански градоначалници во општините во мнозинско српско население на северот на Косово можеби имаат право да ги извршуваат своите функции, но ако нивниот влез во општинските згради е можен само со присуство на вооружени полициски сили, тогаш тие имаат нула политички легитимитет.

Ова во изјава регионалниот сервис на Радио Слободна Европа го изјавила специјалната известувачка за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон.

„Мислам дека многу работи тргнуваат наопаку во оваа земја. Ако е ова реалноста – ако гледаме оклопни возила, вооружена полиција и специјални единици кои ги чуваат општинските згради деноноќно, навистина треба да размислиме за други можности и други опции“,

рече Крамон.

Виола фон Крамон, известувачка за Косово во Европскиот парламент / Фото: Радио Слободна Европа

Според неа, потребно е решение кое би ги вклучило и локалните жители, по зголемувањето на тензиите на северот на Косово, кога групи локални Срби на 26 мај се спротивставија на влезот во општинските згради на новите албански градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

„Ни треба решение, треба да разговараме со луѓето на терен. Иако Косово де јуре има право да влезе во општинските згради, де факто мислам дека нема легитимитет да се направи такво нешто“,

додаде известувачката за Косово во ЕП.

Фон Крамон денеска во Приштина се сретна со косовскиот премиер Албин Курти, но не сакаше да ги открие деталите од средбата. Сепак, кажа дека таа и Курти имаат различни ставови за ситуацијата на северот на Косово.

По посетата на Приштина, известувачката за Косово во Европскиот парламент ги посети општините на северот на Косово – Звечан Лепосавиќ, Зубин Поток и Северна Митровица, чие мнозинско српско население ги бојкотираше локалните избори на 23 април, не прифаќајќи го нивниот исход.

Прашана дали ќе се сретне со претставниците на Српската листа, таа рече дека оваа партија – која е најголемата партија на Србите во Косово и ја ужива поддршката на официјален Белград – одбила да се сретне со неа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врховна изборна комисија на Туркије: Претседателот Ердоган води на изборите со 54,47 отсто од гласовите

Следно

Светските лидери со честитки до турскиот претседател Ердоган за реизборот

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop