Нова тужба против Бил Козби, поранешен модел тврди дека ја дрогирал и силувал

June 2, 2023
1 min read

Тужбата беше поднесена вчера во Врховниот суд во Лос Анџелес. Тоа уследи по Законот за сексуално вознемирување и прикривање на Калифорнија, кој стапи на сила претходно оваа година

Познатиот американски комичар Бил Козби се соочува со нова тужба, овој пат од поранешната Плејбој зајачица Викторија Валентино, пишува Си-ен-ен. Валентино (80) тврди дека Козби ја дрогирал и силувал во 1969 година. Поранешната манекенка претходно зборуваше за нејзините обвинувања против комичарот, па дури и се појави на неговата пресуда пред две години.

Тужбата беше поднесена вчера во Врховниот суд во Лос Анџелес. Тоа уследи по Законот за сексуално вознемирување и прикривање на Калифорнија, кој стапи на сила претходно оваа година. Законот привремено го продолжува статутот на застареност на полнолетните лица кои преживеале сексуален напад.

Осумдесет и петгодишниот Козби беше првата славна личност осудена во ерата #MeToo, социјално движење и кампања за подигање на свеста против сексуалната злоупотреба. Пред пет години, тој беше прогласен за виновен за дрогирање и злоупотреба на Андреа Констанд, вработена во Универзитетот Темпл.

Тој беше осуден на три до десет години затвор. Одлуката, сепак, беше поништена во 2021 година од страна на Врховниот суд на Пенсилванија. Козби беше ослободен од затвор по отслужување речиси три години. Тој планираше да се врати на стенд-ап комедијата, но потоа го откажа обидот за турнеја поради правни проблеми.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Швајцарскиот Парламент го блокира испраќањето оружје од швајцарско производство во Украина

Следно

ПСЖ ја откажаа прославата на титулата, нивниот голман се бори за живот (ФОТО)

Latest from Blog

Претседателот на Мјанмар одби да го послуша Меѓународниот суд; Не признава геноцид

Претседателот на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, изјави дека неговата администрација нема да ги спроведе сите мерки наредени од Меѓународниот суд на правдата, кој минатата недела утврди дека безбедносните сили на земјата извршиле

Британка депортирана од Италија веднаш по слетување поради грешка на EES системот

Британка пристигнала во Италија по повод 60-тиот роденден на нејзиниот сопруг, но наместо тоа, завршила во полициско возило и ја депортирале. Пола Пју од Норфолк штотуку пристигнала во Реџо Калабрија (град во

РУСКИ ГЕНЕРАЛ УАПСЕН ЗА МИЛИОНСКИ ПОТКУП – обвинет за корупција во воениот врв

Руските власти го уапсија генерал-полковникот Јуриј Грехов, заменик-главен командант на руските Воздухопловно-вселенски сили, под обвинение за примање поткуп во особено големи размери, објави руската агенција РБК, повикувајќи се на два извора во
Go toTop