Нов повик за компании: Ваучери до 28.000 денари за инвертер клими за ранливи категории

March 3, 2026
2 mins read

Во последните години, програмата за поддршка за набавка на инвертер клима-уреди за ранливите категории граѓани предизвикува континуиран интерес кај трговците со бела техника. Оваа програма, која овозможува поекономично и поеколошко греење преку државна помош, веќе две години успешно ја спроведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

МЕРМС го објави јавниот повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија со што и за 2026 година започна практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Со програмата е предвидено секое домаќинство кое ќе добие ваучер за набавка и инсталација на високоефикасни инвертер клима уред во вредност до 28.000 денари со вклучен ДДВ, да може да го набави уредот од компании кои ќе се јават на објавениот повик и ќе склучат договор со Министерството.

На јавниот повик може да учествуваат правни субјекти кои се регистрирани во Централниот регистар, а кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди. Избраните компании ќе имаат обврска да обезбедат уреди со најмалку енергетска класа А+, нивна монтажа на адресата на корисникот, како и гаранција од најмалку две години, без дополнителни трошоци за граѓаните.

„Министерството ги повика сите заинтересирани компании да се вклучат во реализацијата на програмата и да придонесат кон нејзино успешно спроведување, затоа што оваа мерка е конкретен чекор во намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Наша цел е да побезбедиме поекономично и поодржливо греење за граѓаните кои имаат најголема потреба од поддршка“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерани суровини.

Информации од изминатите години покажуваат дека интересот за субвенции за намалување на енергетската сиромаштија е силен и стабилен. Во 2025 година Министерството исплати 42,3 милиони денари субвенции за ранливи потрошувачи, со намалување на сметките за струја од 1.000 денари месечно, како и 170 милиони денари за субвенции за инвертер-клими со цел да се обезбеди  достапна, сигурна и социјално праведна енергија за граѓаните кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, со посебен акцент на лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош. На пример лани за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди пристигнаа околу над 4.000 апликации од домаќинства со ниски приходи и од домаќинства во кои единствен приход е пензија.

Во 2025 година фокусот јасно се врза со борбата против енергетската сиромаштија, а само една година претходно, во ноември 2024, Министерството објави дека вкупно 6.182 домаќинства ќе добијат вредносни ваучери преку две програми, и тоа 4.591 домаќинство се опфатени преку програмата за енергетска ефикасност, а 1.591 домаќинство преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Оваа континуираност јасно праќа порака дека не станува збор за еднократна мерка, туку за политика што се надградува и се повторува со јасни правила. Со последниов повик јасно е дека Министерството практично гради мрежата преку која ранливите домаќинства ќе добијат реална, мерлива промена во секојдневието, како што е поефикасно греење, подобар комфор и повеќе предвидливи трошоци во зимските месеци.

Инвертер климите се технологија која е меѓу најбрзите начини да се крене енергетската ефикасност во домот без градежни интервенции, но и да се намали користењето на огрев кој има поголемо негативно влијае врз загадувањетона воздухот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меланија Трамп претседаваше со СБ на ОН: Изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование

Следно

Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt

Latest from Blog

Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt

Од маалски маркет до дигитален фаворит на скопјани, или како La Noi го задржа својот препознатлив карактер и со Wolt го прошири својот дофат до потрошувачи надвор од неговата непосредната локација, покажувајќи

Меланија Трамп претседаваше со СБ на ОН: Изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование

Белата куќа соопшти дека состанокот на најмоќното тело на ОН се фокусираше на децата, технологијата и образованието во конфликтни ситуации. САД од завчера го презедоа едномесечното ротирачко претседателство со најважното тело на

Сообраќајот тековно, застои нема

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава

Познат актер присуствувал на моментот кога Трамп нареди напад врз Иран

Во авионот со Трамп беа и сенаторите Тед Круз, Џон Корнин и познатиот холуивудски актер Денис Квејд, објави АП. Потсетиме, генералот Ден Кејн изјави дека „претседателот нареди, и цитирам: „Операцијата „Епски бес“
Go toTop