Нојер со импресивен рекорд влегува во историјата на Лигата на шампионите

April 18, 2024
1 min read

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер сега го држи единствениот рекорд за најмногу натпревари во Лигата на шампионите без примен гол – 58.

Овој факт се случи по победата на Баварците од 1:0 над Арсенал во четвртфиналето на најпрестижниот европски клупски турнир. 38-годишниот ветеран го надмина достигнувањето на уште еден легендарен голман – Икер Касиљас, бидејќи двајцата досега имаа 57 чисти мрежи во Лигата на шампионите.

Овој импресивен рекорд Нојер го постигна на 138 натпревари, додека поранешниот голман на Реал Мадрид одигра 177 натпревари во Лигата на шампионите. На третото место на листата по бројот на натпревари без дозволен гол на турнирот е уште еден култен голман од блиското минато – Џанлуиџи Буфон (52 чисти мрежи на 124 натпревари).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН: Предвидените наставни денови во учебната 2023/2024 целосно ќе се реализираат

Следно

ЦЕЦА ГО ПОКАЖА ЛУКСУЗОТ ЗА ПРВИОТ РОДЕНДЕН НА КРСТАН: Вилата на Дедиње претворена како во бајките, пејачката не штедеше за овие ЗЛАТНИ ДЕТАЛИ! (ФОТО)

Latest from Blog

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop