Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски учествува на дводневниот состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ што се одржува денеска и утре во Будимпешта.
На состанокот, како што соопшти Царинската управа, присуствуваат директори и високи претставници на царините од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.
Настанот, кој беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, е организиран под покровителство на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ и Националната даночна и царинска администрација на Унгарија.
ИЗВОР: kurir.mk