Нетанјаху и шефот на ЦИА разговараа за запирање на израелската офанзива во Рафа за ослободување на заложниците

May 8, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес разговарал со директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, за израелската офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Двете страни ја истражувале можноста Израел да го запре својот напад во Рафа во замена за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, објави Хаарец, цитирајќи израелски официјален претставник.

На состанокот, одржан во кабинетот на Нетанјаху во Западен Ерусалим, присуствувал и шефот на израелски Мосад, Дејвид Барнеа.

Брнс пристигна во Израел рано утрово на разговори за постигнување прекин на огнот во Газа и размена на заложниците меѓу Тел Авив и Хамас.

„Сè уште има значителен јаз во преговорите за договор за заложниците во Газа“, објави порталот Вала, цитирајќи израелски официјален претставник.

Израелскиот преговарачки тим вчера пристигна во Египет на разговори за постигнување договор за прекин на огнот со Хамас.

Хамас во понеделникот вечерта соопшти дека го прифатил предлогот за прекин на огнот во Газа изготвен од Египет и Катар.

Но, Израел рече дека понудата за примирје што ја прифатил Хамас не ги исполнува нејзините клучни барања и одлучи да продолжи со операцијата во Рафа со цел да изврши, како што е истакнато, „воен притисок врз Хамас со цел да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците и другите воени цели“.

Израел започна воена офанзива во Газа како одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа помалку од 1.200 луѓе. Оттогаш, во израелските напади врз Газа загинати се речиси 34.800 Палестинци, главно жени и деца, а 78.100 се повредени, според палестинските здравствени власти.

Речиси седум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85 отсто од населението на енклавата е принудено внатрешно да се расели и наметната е целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се вели дека „веројатно“ е дека Израел врши геноцид во Газа и му нареди на Тел Авив да ги запре таквите дејства и да преземе мерки за да гарантира дека се обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Постигнат е цензус за претседателски избори

Следно

Брод со 1.908 тони хуманитарна помош тргна од Туркије кон Газа

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop