Нервоза на Волстрит пред извештајот за вработување, петти ден пад на европските берзи

September 6, 2024
1 min read

На Волстрит, Dow Jones и S&P 500 индексите паднаа во немирното тргување во четвртокот додека инвеститорите го чекаат извештајот за вработување во САД, што може да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Dow Jones загуби 0,54 отсто, на 40.755 поени, а S&P 500 загуби 0,3 отсто, на 5.503 поени. Индексот Nasdaq, пак, порасна за 0,25 отсто на 17.127 поени.

Додека Dow Jones и S&P 500 инексите паднаа, Nasdaq благо порасна вчера, во голема мера благодарение на речиси 5-процентниот скок на цената на акцијата на производителот на електрични автомобили „Tesla“, откако компанијата објави дека ќе го лансира својот напреден софтвер за целосно самоуправување за да им помогне на возачите во првиот квартал од следната година.

На пазарот владее нервоза пред објавувањето на податоците за вработеноста во американската економија во август, кои ќе бидат објавени во петок и кои би можеле да влијаат на одлуката на челниците на американската централна банка за каматните стапки.

Истражувањето на Институтот за управување со снабдувањето беше објавено вчера, кое покажува дека активноста на услужниот сектор во САД пораснала во август, додека барањата за невработени паднале минатата недела. Извештајот на ADP, најголемата агенција за вработување во САД, покажа дека приватниот сектор во август вработил најмалку работници од јануари 2021 година, а податоците за претходниот месец беа ревидирани надолу, што укажува на забавување на пазарот на трудот.

„Пазарот постојано осцилира помеѓу апетитот за ризик и одбивноста кон ризик, бидејќи инвеститорите ги следат макроекономските показатели бидејќи Fed соопшти дека ќе ги следи за одлуките за каматните стапки. Пазарот ги следи податоците за да добие увид во тоа како економијата се однесува во случај на сценарио на приземјување и што сето тоа значи за каматната политика на Fed“, вели Васиф Латиф, претседател на компанијата „Sarmaya Partners“.

Пазарот очекува Fed да започне со намалување на каматните стапки во септември, по годините на рестриктивна монетарна политика. Повеќето аналитичари очекуваат намалување на каматните стапки за 0,25 процентни поени, но има и такви кои очекуваат поостро намалување за 0,50 процентни поени.

Европските берзи паднаа петти ден по ред во денешното претпладневното тргување, бидејќи инвеститорите останаа внимателни пред извештајот за работните места во САД кој може да влијае врз одлуката на американската централна банка за каматните стапки.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,4 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, така што е на пат кон седмична загуба од околу 3 отсто. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс загуби 0,54 отсто, на 8.195 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,81 отсто, на 18.425 поени, а париски CAC 0,58 отсто, на 7.388 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто во истиот момент од тргувањето како и во Европа, така што е на пат да оствари седмична загуба од повеќе од 2,5 отсто. Претпладнево на токиската берза индексот Nikkei се лизна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,8 и 1,2 отсто. Во Австралија, пак, се зголемени за 0,4 отсто, додека во Хонгконг не се работи поради ураганот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вкупно 34 пожари на отворено вчера, шест се активни

Следно

НАЈАВИ ЗА НЕВРЕМЕ: Во наредните денови посвежо со дожд и грмежи

Latest from Blog

Димовски: На регионот му треба поблиско економско партнерство со ЕУ

Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител.

Димовски: Политичката неизвесност во Србија е можност за македонската економија

Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема

Стојаноски: Приходите од концесии пораснале за 127%, продуктоводот проработе по 13 години

Пратеникот Бојан Стојаноски ги издвои зголемените приходи од концесиски надоместоци, повторното функционирање на продуктоводот Солун–Скопје и гасните поврзувања со соседните држави како резултати со кои ја бранеше работата на министерката Сања Божиновска

Пренџов: За две години претходната власт ја поскапи струјата за 42,7 проценти

Пратеникот Љупчо Пренџов ја доведе во прашање убедливоста на интерпелацијата за министерката Сања Божиновска, посочувајќи на малиот број пријавени говорници и на неучеството на водечките претставници на опозицијата во расправата. Обраќајќи му

Станковиќ: Рударството мора да носи поголема корист за државата и да ги почитува еколошките стандарди

Развој на рударството со почитување на највисоките еколошки стандарди и со повисоки концесиски надоместоци побара пратеникот Малиша Станковиќ во собраниската расправа за интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Go toTop