Нема зима без загаден воздух во Тетово – греењето „на сè и сешто“ и сообраќајниот хаос се децениски причини за аерозагадувањето

February 22, 2026
2 mins read

Ако нема итна промена на навиките, нема да има чист воздух во Тетово. Сè додека се затоплуваат домовите со сè и сешто, со часови има сообраќаен метеж и трае експанзијата на градежништво во Тетово тешко ќе се дише, особено во зима, вели д-р Илија Илијоски, специјалист по хигиена и здравствена екологија од тетовскиот Центар за јавно здравје во интервју за Тетово инфо на тема како градот да има почист воздух.

Иако темата за аерозагадувањето во јавноста често паѓа во втор план, мерните станици ја покажуваат суровата реалност: состојбата со години не се менува. Сезонското загадување од ноември до февруари е веќе децениски проблем без видлив спас.

Светскиот здравствен стандард за квалитетен живот налага не повеќе од 35 загадени денови во текот на целата година, а во 2025 податоците за Тетово покажуваат дека 85 денови со загаден воздух (и тоа со 29 денови без мерења).

Со оглед на тоа што зимата е најкритичниот период, а во отсуство на тешка индустрија, произлегува дека тетовчани самите придонесуваат за загадувањето преку неправилното затоплување на домовите и деловните објекти.

„Граѓаните, таму кај што се може, да ја развијат таа свесност, да биде оној дел загревање со биомаса со дрва, со други алтернативни начини да биде едноставно намалено. Повеќе електричната енергија да се користи како начин на загревање на домовите, да се користат топлотни пумпи и слично. Институциите треба да поработат да се подигне јавната свест, да пазат што горат, како горат, на кој начин едноставно го горат. Треба да се поработи на лесната индустрија, во тие мали работилници и производствени погони често знаат да користат некои други типови на загревање со отпадно масло и така натаму. Исто и управувањето со комуналниот отпад, управувањето со медицинскиот отпад“, потенцира д-р Илија Илијоски.

Како што се прави насекаде низ светот, треба и во нашиот регион да се постапува користејќи ги веќе применливите практики за создавање поздрава животна средина, оценува докторот од тетовскиот центар за јавно здравје.

„Да се намали нивото на сообраќај, да се намали нивото на користење на моторни возила. Да се користат повеќе можностите со јавен сообраќај, користење на автобуси, користење на други алтернативни начини на превоз. Да не гледаме, едно возило со еден човек. Тука треба да проработи јавната свест, вели тетовскиот специјалист по хигиена и здравствена екологија

Докторот Илијоски потсетува загадувањето е резултат на севкупната човекова активност во една средина. Покрај греењето и сообраќајот, докторот Илијоски вели дека во Тетово има специфични фактори кои дополнително го оптоваруваат воздухот.

„Сепак, мораме исто да издвоиме, експанзијата на градежништвото, каде што сите ја чувствуваме, буквално се гради на секој чекор. Не можеме да го занемариме земјоделието и со многу мал процент учествуваат фармите и каменоломите што се наоѓаше во околината на Тетово“, рече Илијоски.

Во 2025 година, Тетово има 85 денови со загаден воздух, а во 29 денови немало мерење на аерозагадувањето. Во 2024 во 94 денови, во текот на 2023 година имало 89 денови со загаден воздух, а во 2022 година биле загадени 108 денови.

Во 2021 имало 132 денови со загаден воздух, а во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово.

Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ10 честички.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николо Ровела со долга пауза пред него

Следно

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како поради Панче Тошковски и Весна Јаневска станавме нација со дебели стомаци!?

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп повторно достоен домаќин на меѓународен карневал

Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

 – На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како поради Панче Тошковски и Весна Јаневска станавме нација со дебели стомаци!?

Стресот е лоша работа. Не личи за вакви редови, ама вистинскиот збор е дека е „заебана“ работа. Го зголемува кортизолот, а тој е врзан со адреналинот и ако не го потрошиш, ти

Николо Ровела со долга пауза пред него

Играчот од средниот ред на Лацио, Николо Ровела се соочува со долга пауза затоа што на вчерашниот домашен дуел на тимот против Каљари на гостински терен во рамките од новото Серија А

Проданоски: Прилеп блеска со традицијата на Мечкарите

Прилеп денес е домаќин на големи прослави, обединувајќи две значајни традиции. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека оваа година градот ја прославува 25-годишнината од Карневал Прочка, како и вековното постоење
Go toTop