Нема докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад, велат од „Амбер Грид“

January 13, 2023
1 min read

Според првичната проценка нема знаци на напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, велат од компанијата „Амбер Грид“

Засега нема докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад, изјави извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус.

„Не гледаме знаци на некакво потенцијално влијание однадвор. Сите причини ќе бидат истражени и разјаснети во наредните денови“,

рече Бикнијус.

Според првичната проценка, додаде тој, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

Литванскиот оператор на системот за транспорт на гас, „Амбер Грид“, попладнево пријави дека дошло до експлозија на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија.

Операторот на системот истакна дека системот за транспорт на гас се состои од два паралелни гасоводи, при што нагласи дека експлозијата се случила на едниот, додека другиот не е оштетен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360° – Интервју со Касами: Заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е пропаганден трик на ДУИ

Следно

Стефан кој беше застрелан на Божиќ излезе од болница: Семејството и пријателите го пречекаа со солзи и прегратки

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop