Не е добро цело време да знаеш како си

August 15, 2024
1 min read

„Имаме квака 22 ситуација: носењето на уредот кој може да ти помогне подобро да ја менаџираш твојата хронична срцева состојба, те прави поанксиозен – што пак е лошо за сите тие состојби,“ пишува Конверсејшн коментирајќи ги резултатите од студијата објавена во Журналот на американската срцева асоцијација.

Уредите за носење се повеќе доминираат како една од мерките за следење и откривање на атријална фибрилација (аритмија), која главно се јавува кај лица над 55 години. Кај оваа дијагноза важно е пациентот постојано да ја следи и да ја менаџира како би се подобрил квалитетот на живот и би се спречиле компликации.

Луѓето со ова заболување во исто време имаат и висока анксиозност која се должи на болеста. Уредите што тие ги носат им даваат константи податоци за ритамот и отчукувањето на срцето, и за откривање и регистрирање на епизодите на атријална фибрилација.

Новата препорака е дека пациентите што ја следат својата состојба на вакви уреди, тоа треба да го прават со умереност, односно да не зјапаат постојано и да се навлечат на бројките за и најмалите промени да не почнат да влијаат на нивниот стрес.

Во студијата објавена во журналот, речиси половина од испитаниците кои ги користеле овие уреди за следење на својата состојба биле повеќе загрижени околу своите симптоми и третман, за секој пети имал „интензивна анксиозност“.

Тука проблем е што хроничната анксиозност може да придонесе кон стресот, истрошеноста и лошата физичка состојба, која за возврат може да го влоши срцевите проблеми.

Некои луѓе, по свои зборови објасниле дека се чувствуваат дека се „затвореници на бројките“ и имале потреба „постојано да го проверуваат уредот за да знаат како им е, па уредот почнал да доминира со нивните животи.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левица: Во време на битка со пожари, постојано горат и поголем број депонии низ државата

Следно

Скопје 2014 ќе продолжи да се гради со буџетски пари во 2025

Latest from Blog

ШПАНИЈА ГОРИ, КОЈ ЈА ОСТАВА ДА ИЗГОРИ? Мадрид имал време да најде европски замени за руските авиони – парите биле потрошени за Украина

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење нa шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на
Go toTop