Националниот тим подготвен за победа над Лихтенштајн

September 6, 2025
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми натпреварите со Велс и Белгија, националниот тим ќе се обиде да стигне до првата домашна победа во циклусот.

Селекторот Благоја Милевски нагласи дека Македонија е фаворит на хартија, но предупреди дека тоа мора да се потврди и на теренот.

„Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна – три бода кои се исклучително важни во моментов“, изјави Милевски.

 

Задоволство изрази и за настапите на младите фудбалери кои дебитираа против Саудиска Арабија – Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани, потенцирајќи дека тие ќе бидат дел од плановите и во натпреварите за бодови.

Капитенот Енис Барди истакна дека победата е единствената цел на играчите. „Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел“, рече Барди.

Со евентуален триумф, Македонија ќе се врати на врвот на групата. Во моментов нашата селекција има осум бодови, два помалку од Велс, кој утре нема квалификациски натпревар.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе започне во 18:00 часот, а директен пренос ќе има на МРТ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕЧЕРВА ПРОПАДНА ПИРАМИДАЛНА ШЕМА: Илјадници Хрвати останаа без пари

Следно

Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop