НАТО распоредува дополнителни сили во Косово

May 30, 2023
1 min read

Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет дена на седум дена

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили во Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата.

„Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигури дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН“,

нагласи адмирал Стјуарт Б. Мунш.

Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет на седум дена, со цел да биде подготвен да го засили КФОР доколку е потребно.

„Сакам да го пофалам КФОР што презема брза, воздржана и професионална акција да се интервенира за да се запрат немирите и да се спасат животи. Насилството мора да престане и сите страни мора да престанат да преземаат дејствија за поткопување на мирот во која било и во сите заедници на Косово“,

наведе адмирал Мунш.

Тој додаде дека командата од Неапол внимателно ја следи ситуацијата во Косово и ќе продолжи да се координира со КФОР, за да се осигури дека ги имаат сите способности и сили што им се потребни за непристрасно да обезбедат безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници.

Во општините со српско население на северот на Косово вчера дојде до ескалација на тензиите кои траат неколку дена откако градоначалници Албанци се обидоа да ги преземат функциите во општините со мнозинско српско население откако победија на изборите кои Србите ги бојкотираа.

Припадници на КФОР вчера интервенираа за да ги растераат српските демонстранти кои беа собрани пред зградата на општина Звечан, беше употребен и солзавец, а дојде и до конфликт кој резултираше со повредени од двете страни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

НАТО испраќа дополнителни војници во Косово

Следно

Џафери: Албанскиот јазик ќе чека ново отворање на Уставот

Latest from Blog

На 2 ноември, ВЛЕН ќе се слушне силно

ВЛЕН на 19 октомври претставуваше пресвртница за албанските општини. Од Чаир и Сарај до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците испратија еден глас – глас кој избра надеж и работа наместо манипулација. Од

Овни со планетарно влијание кое дава сила, а Бикот е со силна интуиција

Овен Петок нуди изненадувачки можности во професионалната сфера. Вашата јасновидност е изострена и гледате решенија таму каде што другите само забележуваат проблеми. На крајот од работниот ден, одвојте време да разговарате со

Вречено Уверението за избран градоначалник на општина Битола

Денес, со врачувањето на Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, влегувам во новиот четиригодишен

Нов мандат, нови проекти: Коњановски ветува подобар живот за битолчани

Тони Коњановски официјално го прими Уверението за избран градоначалник на Општина Битола, со што започнува неговиот нов четиригодишен мандат. Врачувањето беше извршено од претседателот на Општинската изборна комисија, Игор Талевски. Во обраќањето

„Декларацијата Скопје“ – ново поглавје за зелена, одржлива и безбедна енергетска иднина

Со потпишувањето на „Декларацијата Скопје“ испраќаме силна порака дека регионот не е само следбеник на глобалната транзиција, туку нејзин активен двигател. Оваа Декларација е патоказ на нашата посветеност, за побрза зелена транзиција,
Go toTop