Наполи ќе му понуди договор на Лучијано Спалети до 2025 година

1 min read

Наполи се договори со Лучано Спалети да остане тренер на клубот до летото 2025 година, објави „Калчомеркато“, ставајќи крај на шпекулациите дека постои конфликт со претседателот Аурелио де Лаурентис.

Спалети во петокот навечер бил на вечера со Де Лаурентис и генералниот директор на клубот, Андреа Кјавели, каде што се договориле сите детали.

Клубот неодамна ја активирал клаузулата во договорот на Сплаети за да активираат продолжување до 2024 година, но според „Калчомеркато“, 64-годишниот тренер се договорил за зголемување на платата од 2.8 милиони евра на 3.5 милиони евра годишно.

Тие додаваат дека договорот ќе биде потврден на 18 мај, кога клубот ќе ги објави деталите за летната пред-сезона.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Кремљ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот претседателски кандидат на Туркије за мешање во изборите

Следно

Туркије: Завршено е гласањето на претседателските и парламентарните избори

Latest from Blog