Најмалку 43.020 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа

October 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во израелските напади врз Појасот Газа се убиени уште 96 Палестинци, со што вкупниот биланс на убиени Палестинци од 7 октомври минатата година се зголеми на 43.020, објави денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека досега во нападите се повредени околу 101.110 Палестинци.

„Израелските сили извршија пет масакри на семејства во последните 48 часа, што резултираше со 96 убиени и 277 повредени“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Поради израелската офанзива врз Газа е раселено речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски утре ќе се обрати на конференцијата на „Блумберг Адрија“

Следно

Членови на управата на Реал Мадрид бараат Анчелоти да биде отпуштен

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop