Најмалку 20 лица се повредени синоќа во руски ракетен напад врз Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев

September 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 20 лица се повредени во повеќе региони на Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, додека Русија изврши нови ракетни напади рано утринава, јавува Анадолу.

Серхи Попко, шеф на градската воена управа на Киев, на Телеграм изјави дека во рускиот ракетен напад во текот на ноќта врз главниот град биле повредени две лица, од кои едното е хоспитализирано.

„Руските трупи извршија уште еден ракетен напад врз Киев. Нападот беше комбиниран – со крстосувачки и балистички ракети. Крстосувачките ракети (Кх-101) најверојатно биле лансирани околу 3 часот по полноќ од стратегиските бомбардери Ту-95МС од регионот Саратов во Руската Федерација“, додаде Попко.

Според Попко, украинските сили за противвоздушна одбрана успеале да уништат повеќе од десетина крстосувачки ракети, десетина балистички проектили и беспилотни летала над Киев.

Тој рече дека остатоците од проектилите паднале во градските квартови Холосивски, Свијатошински, Днипровски и Шевченкивски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека поради ракетниот напад избувнале пожари во четири автомобили и во двокатна нестанбена зграда во квартот Свијатошински.

„Во квартот Свјатошински, остатоци паднаа на магацин. Во пламен е и квартот Шевченковски. Сите служби работат на терен“, додаде градоначалникот.

Кличко спомена и дека котларницата во Холосивски била делумно уништена, а стаклото на влезот на метро станицата Свјатошин е делумно оштетено.

Најмалку 18 лица се повредени во североисточниот регион Суми поради нападот, кој ги погоди просториите на образовна институција, соопшти регионалната администрација на Телеграм.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека противвоздушната одбрана на земјата соборила 22 од 35 проектили и 20 од 22 беспилотни летала лансирани од Русија над Киев, како и над регионите Харков и Суми.

„Покрај тоа, како резултат на активните контрамерки од страна на одбранбените сили на Украина, една крстосувачка ракета X-101 и три беспилотни летала не стигнаа до своите цели и беа изгубени на локацијата“, додаде тој.

Руските власти сѐ уште не го коментираа нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Здравствениот совет ја одржа првата седница, поставени приоритети

Следно

Ал Ахли го освои турнирот во Добој

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop