Над 9 милиони луѓе во Велика Британија се соочуваат со тешка сиромаштија

October 9, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Повеќе од девет милиони луѓе во Велика Британија живеат во толку голема сиромаштија така што сѐ повеќе се зависни од хуманитарни организации, покажува новото истражување на Трусел Труст, јавува Анадолу.

Хуманитарната организација предупредува дека треба да се преземат итни мерки за решавање на основните причини за ниските приходи на домаќинствата.

Извештајот покажа дека повеќе од еден милион луѓе живеат во она што се дефинира како „глад и тешкотии“ – оние што преживуваат со приходи најмалку 25 отсто под релативната линија на сиромаштија – во споредба со пред пет години.

Со ова вкупниот број во оваа категорија се искачи на повеќе од девет милиони, што е нагло зголемување во споредба со пред две децении. Овие луѓе редовно се борат да си дозволат основни работи, како храна, греење и облека.

Децата се несразмерно погодени од оваа криза, при што секое петтo младо лице во Велика Британија е изложено на ризик од глад и тешкотии. Поголемите семејства, особено оние со три или повеќе деца, се соочуваат со уште поголема ранливост, со една третина изложени на висок ризик да се потпрат на добротворна храна, се вели во извештајот.

Ема Реви, извршна директорка на Трусел Труст, изрази длабока загриженост поради порастот на зависноста од банките за храна.

„Ова е 2024 година и ние се соочуваме со историски високи нивоа на потреба од банка за храна. Како општество не може да дозволиме ова да продолжи. Не смееме да дозволиме банките за храна да станат нова норма“, рече таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите на СДСМ

Следно

Вимблдон ги „укина“ линиските судии за прв пат во историјата

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop