Началникот на израелскиот Генералштаб навести проширување на копнените операции во јужниот дел на Газа

November 17, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Откако израелската Армија ги интензивираше нападите на северот на Појасот Газа, кои резултираа со смрт на илјадници цивили, уништување на цивилната инфраструктура, болници и училишта на Обединетите нации (ОН), каде што луѓето побараа засолниште, началникот на израелскиот Генералштаб, Херзи Халеви, денес навести дека копнените операции би можеле да се прошират и во јужните области на блокираната палестинска енклава, јавува Анадолу.

„Блиску сме до демонтирање на воениот систем (на палестинската група Хамас заб.ав.) во северниот дел на Појасот Газа“, рече Халеви обраќајќи им се до израелските војници во Газа.

Тој додаде дека израелската Армија ќе ја продолжи операцијата во Газа и во „сѐ повеќе региони“.

Досега израелската воена копнена операција беше фокусирана на градот Газа и северниот дел на Појасот Газа.

Но, неколку израелски официјални претставници навестија и за можноста за проширување на израелската копнена операција на југот од Појасот Газа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Оттогаш, најмалку 11.500 Палестинци загинаа, вклучувајќи околу 7.900 жени и деца, додека над 29.800 се повредени.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, беа оштетени или уништени во израелската офанзива.

Бројот на загинати Израелци изнесува околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Време е да се хејтаат забраните и цензурите

Следно

Претреси во Скопје, пронајдени и одземени фалсификувани пари

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop