На средбата Ковачевски – Вучиќ – Рама во Италија се разговарало и за можноста за отворање на границите меѓу трите земји

April 2, 2023
1 min read

Тројцата лидери се во Италија на саемот за вино „Винитали“ каде денеска имаа трилатерална средба. Меѓу темите за разговор биле и активности како Отворен Балкан – младински камп, саем за храна, филмски фестивал, но и можноста за отворање на границите

Имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан, како и заедничкото учество на меѓународниот саем за вино „Винитали“. Ова биле темите на разговор на трилатералната средба на премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама што денеска се одржа во Бaрдoлино, Италија.

Како што соопшти Владата, тројцата лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји на заедничкиот штанд на Отворен Балкан на саeмот за вино.

Фото: Фејсбук-профил на премиерот Димитар Ковачевски

„Беше истакнато дека со заедничкото претставување на саемот „Винитали“, еден од винските саеми со највисок квалитет на глобално ниво, го носиме и промовираме винскиот и туристичкиот квалитет на трите земји поблиску до светската публика и потенцијалните инвеститори. Констатирано е дека на заедничкиот Отворен Балкан – штанд, македонските, српските и албанските винарии и вина стојат рамо до рамо со светските врвни производители. На заедничкиот настап на трите земји на саемот за вино „Винитали“ се гледа како огромна можност за промоција, вмрежување, привлекување на странски инвеститори и отварање нови пазари“,

велат од Владата.

Во соопштението се вели дека на средбата било потенцирано дека од летово можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност.

„Правото на пристап до пазарите на труд во трите држави ќе се стекнува многу побрзо и поедноставно, со електронско издавање на Отворен Балкан – идентификациски број и издаден единствен матичен број за странец од Министерство за внатрешни работи, по извршените соодветни проверки. Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат Отворен Балкан – идентификациски број им се овозможува непречен престој од две години во кој период имаат право да најдат работа“,

соопшти Владата.

На состанокот било нагласено олеснувањето и забрзувањето на протокот на стоки и подобрувањето на трговската размена меѓу трите земји со воведувањето на зелените ленти на граничните премини.

„Беше поздравено и нагласено потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Северна Македонија и Србија за граничниот премин Табановце со кој што се предвидува инфраструктурно проширување на бројот на сообраќајните ленти на преминот Табановце – Прешево, поставување или подобрување на сообраќајните сигнали, како и дополнителна инфраструктурна опрема на овој премин, како и воспоставување нови процедури за гранична проверка за забрзано преминување на патниците и возилата на граничниот премин“,

пишува во владиното соопштение.

На состанокот се разговарало и за можните активности како Отворен Балкан – младински камп, саем за храна, филмски фестивал, но и можноста за отворање на границите меѓу трите земји.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на заболени од карцином во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година

Следно

Претседателски избори во Црна Гора: Милатовиќ сигурен во своја победа, Ѓукановиќ најавува ново време

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop