На Македонците никој однадвор не може да им каже што да бидат, вели Чернева на темата „бугаризација на Македонија“

May 19, 2023
1 min read

Тоа е прашање за Македонците да решат што сакаат да бидат. Јас не сметам дека некој однадвор може да ви каже што да бидете, како да се чувствувате или каков јазик да зборувате. Создавањето надворешни непријатели и надворешни стравувања можеби врши работа во политиката, но тоа дополнително ги разнишува самоувереноста и достоинството, според мене, на македонските граѓани – смета советничката на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков

Прашање за Македонците е да решат што сакаат да бидат, одговара Весела Чернева прашана да ги коментира наводите дека целта на официјална Софија е да ги бугаризира Македонија и Македонците. Потпретседателката на меѓународната тинк-тенк организација Европски совет за надворешни работи и советничка на Кирил Петков, додека тој беше премиер на Бугарија, гостуваше во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“.

Весела Чернева

„Тоа е прашање за Македонците да решат што сакаат да бидат. Јас не сметам дека некој однадвор може да ви каже што да бидете, како да се чувствувате или каков јазик да зборувате. Тоа е внатрешно прашање за македонските граѓани. Создавањето надворешни непријатели и надворешни стравувања можеби врши работа во политиката, но тоа дополнително ги разнишува самоувереноста и достоинството, според мене, на македонските граѓани“,

рече Чернева.

За аргументите на противниците на уставните измени дека внесување на Бугарите во Преамбулата ќе биде вовед во нови барања и условувања од бугарска страна, Чернева вели дека темата Северна Македонија во Бугарија се појавува во јавноста само кога има некаква провокација, некој непријатен повод. Таа не фигурираше во ниту една од предизборните кампањи во последните две години како главна тема, додава таа.

„Тоа го велам бидејќи премногу им се придава значење на одредени изјави на маргинални бугарски политичари кои се безначајни за големата слика. И второ, нашите односи може да се одвиваат добро само ако постои доверба. Јасно е дека само со доверба може да ги надминеме сите отворени прашања во иднина. Јас не велам дека такви нема да има. Сигурно ќе имаме и некакви проблеми, помали или поголеми. Но, тие може да се решат само со разговор и со доверба. Пак ќе речам, ако во моментов која било политичка сила ги искористува билатералните односи како аргумент во својата политичка програма, во своето работење, наместо да вложи напор да зборува со спротивната страна, тоа сигурно нема да доведе од подобри односи“,

рече екссоветничката на Кирил Петков.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конечни резултати од првиот круг избори во Туркије

Следно

Граѓани на протестот „Србија против насилството“ поставија шатори, се подготвуваат да ја поминат ноќта под мостот „Газела“  

Latest from Blog

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос

Неочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од Трамп

„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека
Go toTop