На колкумина денеска им беше забранет влез во Македонија: МВР не кажува, БНТ јавува за повеќемина

February 4, 2023
2 mins read

„360 степени“ упати две прашања до МВР – на колку државјани на Бугарија денеска не им беше дозволен влез во земјава и дали МВР може да ја потврди информацијата што ја објави Бугарската национална телевизија БНТ дека на списокот со бугарски државјани на кои потенцијално би им бил забранет влез во земјава имало 14 лица. Од МВР ни одговорија дека не можат да споделат дополнителни информации за овие прашања

Министерството за внатрешни работи (МВР) не кажува на колку државјани на Бугарија денеска не им беше дозволен влез во земјава. „360 степени“ го упати ова прашање до МВР доцна попладнево, но ни одговорија дека не можат да споделат дополнителни информации.

Бугарската нациионална телевизија во прилог од градничниот премин Деве Баир пренесе дека Бојан Донев и Никола Арнаудов се двајца од повеќемина бугарски државјани на кои денеска им е забранет влев во Северна Македонија.

Бојан Донев, фото: принтскрин БНТ

„Претекстот беше дека сме закана за нивната национална безбедност. Во автомобилот во кој патував, само јас добив таква забрана, но по разговорите со другите се покажа дека забрана добиваат оние што на 14 јануари беа во Македонија за да одбележат 95 години од смртта на Мара Бунева. На сите овие Бугари им беше забранет влез во Македонија под изговор дека сме закана за националната безбедност на Република Северна Македонија“,

вели Бојан Донев.

Исто образложение добил и Никола Арнаудов.

Никола Арнаудов, фото: БНТ

„Трпеливо чекавме на граница, почнаа да ги претресуваат автомобилите еден по еден, пребараа внимателно, а потоа почнаа селективно да ги пуштаат луѓето. На некои од луѓето, меѓу кои и мене, им беа издадени документи дека сме закана за националната безбедност. Скоро не сум бил во Северна Македонија и не ја гледам причината зошто ми издадоа таков документ“,

вели Никола Арнаудов.

Ова е документот што им бил издаден од македонската гранична полиција.

фото: БНТ

Во текот на денот и од бугарската агенција Беспартиен.бг на својот фејсбук-профил објавија дека нивни новинари добиле забрана за влез во Македонија. Тие во прилог на информацијата објавија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.

Во отсуство на официјални информации, „360 степени“ ја пренесе веста на Бугарската национална телевизија дека на списокот на македонското МВР има 14 бугарски државјани на кои денеска не би им бил дозволен влез во земјава. Во објавата на БНТ ги немаше имињата на 14-темина. Останува нејасно колкумина од нив се појавиле на граница и на колкумина им е забранет влез. Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев потврди дека постои список на бугарски државјани на кои нема да им дозволен влез во Северна Македонија, но рече дека тој не е голем.

„360 степени“ го праша македонското МВР дали може да ја потврди информацијата на БНТ за списокот со 14 лица, но и на ова прашање одговорот беше дека не можат да споделат информации.

Бугарското Министерство за надворешни работи во вечерашнава реакција соопшти дека „меѓу засегнатите со овие рестриктивни мерки има и новинари против кои се употребени основите на ‘закана по јавниот ред, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на Република Северна Македонија’“.

„Министерството за надворешни работи апелира до засегнатите бугарски државјани, кои добиле писмено одбивање да влезат на територијата на Северна Македонија, да ја достават оваа информација до Министерството за да ги преземе неопходните активности преку дипломатски канали и да ги информира нашите меѓународни партнери“,

пишува, меѓу другото, во реакцијата од бугарското МНР.

Инаку, по седница на Советот за безбедност што се одржа на 23 јануари, претседателот Стево Пендаровски изјави дека организирани структури во Бугарија, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон земјава, се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање на одбележувањето на 4 февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев. Пендаровски рече дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

„Само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба“,

рече тогаш Пендаровски.

Европратеникот Ангел Џамбаски и лидерот на партијата Преродба, Костадин Костадинов, денеска на се појавија на граничните премини за влез во земјава. Како што изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, тој лично разговарал со нив и ги замолил да не доаѓаат денеска во Македонија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забрана за влез во Македонија и казни од 300 евра: Бугарските државјани кои беа приведени на граница се протерани од земјава

Следно

(ВИДЕО) Му наредив на Пентагон кинескиот балон да биде соборен што е можно побрзо, вели Бајден

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop