Муцунски во Њујорк: Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а војните и конфликтите да останат во минатото

September 23, 2024
1 min read

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени.

Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.

-Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици.

Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот, истакна Муцунски во обраќањето.

Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.

-Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност.

Утре веќе е наша сегашност, додаде Муцунски, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.

Министерот Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонец бегајќи од косовската полиција се судрил па се открил голем шверц

Следно

Изминатото деноноќие неколку пожари на отворено во скопско

Latest from Blog

Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување. – Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата

Селекторот на младите е нов привремен А-селектор на Италија

Италијанската фудбалска федерација одлучи, селекторот на У21 репрезентацијата Силвио Балдини, да го назначи за привремен селектор на А репрезентацијата за јунските пријателски дуели. За овој период на трети и седми се планирани

Проданоски: Прилеп ја негува историјата и традицијата на македонската артилерија

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со свеченост беше одбележан 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон на Армијата. На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој им оддаде признание
Go toTop