Муцунски: Општа констатација е дека на Македонија и се потребни избори, овој пулс на граѓаните го чувствуваат и пратениците од мнозинството

January 21, 2023
1 min read

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во неговото гостување во емисијата „360 степени“, говорејќи за политичката состојба во земјава истакна дека по сите мерења на јавното мислење во последниов период, општа конистатација е дека граѓаните посакуваат промена на власта и дека на Македонија и се потребни избори.

-Тоа што можеме да го констатираме како ноторен факт е дека по сите анкети на јавно мислење кои што се појавија во последниов период, независно кој беше нарачател на истите, општа констатација е дека Македонија се движи во погрешна насока, дека граѓаните посакуваат промена на власта и дека е потребно Македонија да има избори по кои што ќе почне да се движи, се надеваме во правилна насока со формирање на нова влада, истакна Муцунски.

Тој додаде ваквото расположение кај граѓаните го чувствуваат и дел од пратениците од постоечкото парламентарно мнозинство кои сериозно размислуваат за нивните позиции во рамките на истото.

-Таквите инормации и таквиот пулс на граѓаните верувам дека го чувствуваат и дел од пратениците кои што се дел од парламентарното мнозинство и да има одредени информации коишто пристигнуваат до нас дека одредени пратеници, дел токму од тоа постоечко парламентарно мнозинство размислуваат сериозно за своите позиции во рамките на функционирањето на истото, потенцираше Муцунски.

Изрази верување, како што рече по претходната пракса, дека притисоците се огромни.

-Тешко е да се предвиди тие луѓе како ќе постапуваат, но тоа што исто така можеме да го констатираме е дека веќе има повеќе јавни изјави и во рамките на ДУИ и во рамките на пратеничката група на СДСМ кои што упатуваат дека во тие партии постојат сериозни проблеми, сериозни несогласувања и сериозно различни размислувања по однос на начинот на којшто оваа постоечка влада ја движи Република Македонија, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крис Хипкинс ќе биде новиот премиер на Нов Зеланд

Следно

Радев: Следен вршител на должноста премиер ќе биде Галаб Донев

Latest from Blog

ВИДЕО: Како Заев понизно му се извинуваше на Вучиќ, за денеска СДСМ да обвинуваaт за „српски свет“ и разно разни непостоечки работи!

Поранешниот премиер Зоран Заев и српскиот премиер Александар Вучиќ своевремено беа „најдобри“ другарчиња и нон-стоп си се извинуваа меѓу себе и го создаваа „Отворен Балкан“, за да денеска опозициската СДСМ на чело

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Во секојдневната трка помеѓу работата, одговорностите, семејните улоги и постојаниот проток на информации, многу луѓе се наоѓаат себеси како талкаат таму каде што не треба – во имагинарни сценарија, претерано анализирајќи ги

ЏАМБО отвора нов современ маркет во Гевгелија на 13 декември

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје
Go toTop