Муртезани го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст

December 3, 2024
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во име на Владата на Република Северна Македонија го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст, по неговото назначување за национален координатор за предметниот Инструмент. Овој Договор ги утврдува начелата на финансиската соработка помеѓу Европската комисија и Владата на Северна Македонија и обврските и условите што земјата треба да ги исполни за ослободување на финансирањето преку Инструментот.

Во согласност со имплементирачката одлука на Комисијата од 23 октомври 2024 година, со која се одобрува Реформската агенда на Северна Македонија, Европската Унија става на располагање вкупен финансиски придонес до 215.342.394 ЕУР како неповратна поддршка и вкупен финансиски придонес до 535.012.159 ЕУР како поддршка за заемот, кои ќе бидат ослободени по позитивна оцена за задоволително исполнување од корисникот на условите за плаќање утврдени во Реформската агенда.

Регулативата (ЕУ) 2024/1449 на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ го воспостави „Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан“ за поддршка на процесот на проширување преку забрзување на усогласувањето со правото на ЕУ, забрзување на регионалната економска интеграција како и социо-економска конвергенција со Унијата. Се очекува Собранието на Република Северна Македонија наскоро да го ратификува Договорот за Инструментот за реформи и раст со што ќе се ослободат вкупно 52,5 милиони евра, дел во форма на заем и дел во форма на неповратни средства.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче лојален на Заев: Кој е марионета, а кој влече конци во СДСМ?

Следно

Крушево без вода по пад на бандери и кинење на електрични жици

Latest from Blog

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката

Керик пред отказ, Манчестер јунајтед гледа кон Јулијан Нагелсман

Манчестер јунајтед веќе размислува за нов тренер, а како едно од имињата што се разгледуваат за клупата на англискиот гигант се споменува германскиот стратег Јулијан Нагелсман. Последното разочарување и ремито 1-1 против
Go toTop