Мултимедијален настан „Украина е…“ за презентација на вистината за земјата и нејзините традиции

October 9, 2024
2 mins read

Центарот за современи уметности – Скопје и LOGS  Асоцијацијата од Романија се организатори на мултимедијалнниот настан „Украина е…“ составен од изложба, музички настапи и дегустација на традиционална храна, кој ќе се одржи денеска, среда 9-ти октомври, со почеток во 19 часот во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата во  Скопје.

Мултимедијалниот настан „Украина е…“ има за цел да ја зголеми свеста за состојбите со кои се соочува  Украина заради Руската агерисја  и на тој начин да придонесе кон ширење на вистините за случувањата во Украина, како и да ја зголеми солидарноста кон милиони украински бегалци раселени насекаде низ Европа. Настанот се состои од 3 елементи, односно изложба, музички дел и дегустација на традиционална украинска храна.

Изложбата „Украина е…“  претставува кураторски концепт на украинската кураторка  која моментално живее во Темишвар, (Романија) Јана Розбицкаја, кој преку серија фотографии ги претставува најважните карактеристики на современата и традиционалната украинска култура, но ги презентира и придобивките што Украина и украинската култура ги дале на целиот свет. Изложбата се состои од 10 фото колажи во низ уметничка стилизација оплеменета со локални мотиви се содржани најбитните податоци и репрезенти на Украинската култура, наука, традиции и достигнувања. Преку оваа изложба кураторката Розбицкаја се обидува на пошироката публика од една страна да ги претстави вредностите, убавините и посебностите на Украина, истовремено претставувајќи ги и изумите и достигнувањата на полето на науката, медицината, технологијата, спортот и културата кои Украина ги има дадено за целиот свет.

Музичкиот дел е планиран со настап на украинските вокални изведувачи Ана Бречко, Софија Ковалова и Лесја Баженова кои ќе интерпретираат модерна и традиционална украинска  музика.
Финално на настанот посетителите ќе имаат можност да  дегустираат вкусови и ароми на традиционална слатка украинска храна, домашно приготвена со љубов од украинските бегалци кои се наоѓаат во Романија.

Уметници и учесници во овој настан се:

Јана Розбицкаја, куратор и културен оператор од Украина која последниве 2 години од почетокот на агресијата живее и работи во Темишвар, Романија. Иницирала или учествува во околу 30 културни и социјални проекти насочени кон поддршка на Украинците и засилување на украинскиот глас во Романија и Европа. Соработува и е организатор на украинската уметничка заедница во рамките на програмата Темишвар Град на Културата 2022.

Флавиус Илиони Лога (39 години) е новинар и социјален работник кој ја фокусира својата кариера на интеграцијата на бегалците и сложената реалност околу нив во Романија. Тој спроведува докторски истражувања со Западниот универзитет во Темишвар во врска со интеркултурниот аспект на социјалната интеграција на бегалците. Работи со бегалците од Темишвар веќе 12 години, а од 2017 година го координира Фестивалот за бегалска уметност во Темишвар, единствениот уметнички фестивал со и за бегалците во Источна Европа.

Ана Бречко е Украинка која пребегнала Темишвар, Романија, набргу по почетокот на војната во Украина. Таа е архитект-дизајнер, но речиси 2 години работи во Романија како интеркултурен посредник за украинските бегалци. Активно се бави со музика и ја користи музиката како медуим за промоција и заштита на украинската куклтура. Таа е победничка на меѓународниот вокален натпревар во Бугарија во 2018 година кога  го освојува првото место меѓу 45 учесници.

Софија Ковалова е млада музичарка  која е извонреден вокален солист, а во својот опус креира комбинации на традиционалната и модерната  украинска музика користејќи локални мотиви и локални тоналитети како предлошка за нејзините изведби.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: Го раскинавме договорот со надворешната компанија за кетеринг

Следно

Вечерва ќе бидат доделени наградите на фестивалот Денови на комедијата во Куманово, веќе се познати добитниците

Latest from Blog

Добра вест за прилепските првачиња: Секое дете добива по 3.000 денари

Општина Прилеп објави јавен повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Оваа година мерката за првпат се

Фановите на Манчестер Јунајтед се бесни: „Овие луѓе се идиоти“!

ФОТО: Manchester United/FB Последните часови од преодниот рок донесоа неверојатни пресврти, големи трансфери и одлуки што ги оставија многу фанови во неверица. Една таква одлука дојде од “Олд Трафорд“, каде што Манчестер

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите

12,4 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 речиси непроменет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.09.2026 заврши со речиси непроменет индекс МБИ10, кој изнесуваше 9.255,13 поени. Во однос

Кои се најголемите трошаџии во летниот преоден рок?

Заврши уште еден летен преоден рок, барем кога станува збор за лигите од „големата петорка“. И овојпат беше возбудливо, значително повеќе отколку во претходните години. Влијанието на Светското првенство беше очигледно, па
Go toTop