Можниот влез на АА во Владата, тема и на вечерашниот ИО на СДСМ

January 31, 2023
1 min read

Можното проширување на владината коалиција ќе биде една од темите на вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, информираат за МИА извори од владејачката партија.

Седницата на Извршниот одбор ќе започне во 19 часот и на неа, како што посочуваат истите извори, ќе стане збор за актуелни состојби и мерки, како и за можно проширување на владината коалиција.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој претходно денеска го потврди одржувањето на седницата на Извршниот одбор, во моментов е на средба со претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари со кого, според најавите, ќе се разговара за можно приклучување на партијата во владината коалиција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајк на дел од јавниот сектор во Брисел за подобри работни услови и повисоки плати

Следно

„Транспаренси интернешнал“: Западниот Балкан бавен во борбата против организираниот криминал

Latest from Blog

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал

Нов случај на руска шпионажа откриен во Шведска

Тој е обвинет дека им нудел на руските разузнавачки служби строго доверливи информации што ги добил за време на неговата работа со шведските вооружени сили, објавува „Киев пост“. Според канцеларијата на шведскиот

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Трипуновски, “За” гласаа само 21 од пратениците

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, против беа 62, додека воздржани немаше. Иницијативата за интерпелација беше поднесена

Мечот Англија – Костарика засега е одложен

Поради исклучително лошо време, врнежи и грмотевици, пријателскиот меч помеѓу репрезентациите на Англија и Костарика кој што вечерва треба да се одигра во Орландо, САД, засега е одложен. Поточно, од англиската федерација
Go toTop