Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, соопшти Путин

March 25, 2023
1 min read

Во врска со овој потег тој рече дека нема ништо невообичаено, бидејќи, како што посочи, Соединетите Американски Држави (САД) тоа го прават со децении, распоредувајќи тактичко нуклеарно оружје на териториите земјите сојузнички

Москва и Минск постигнаа договор за распоредување на руско тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесува Ројтерс.  

Рускиот претседател, Владимир Путин/Фото: Архива

Рускиот претседател, притоа истакна дека распоредувањето се врши без прекршување на обврските на Русија кон меѓународните договори.  

Во врска со овој потег, тој рече дека, нема ништо невообичаено, бидејќи, како што посочи, Соединетите Американски Држави (САД) тоа го прават со децении.  

„Тука нема ништо необично. САД тоа го прават со децении. Долго време го распоредуваат своето тактичко нуклеарно оружје на териториите на своите сојузнички земји…Се договоривме да го сториме истото – без да ги прекршиме нашите обврски, нагласувам, без да ги прекршиме нашите меѓународни обврски за неширење на нуклеарното оружје“,  

рече рускиот претседател.

Путин истакна дека белорускиот претседател Александар Лукашенко долго време го покренувал прашањето за стационирање на тактичко нуклеарно оружје во неговата земја, која се граничи со Полска.  

Според договореното, Русија треба да ја заврши изградбата на складишта за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија до 1 јули, оваа година, рече Путин, додавајќи дека Москва нема да ја пренесе контролата врз оружјето на Минск.  

Русија веќе стационирала 10 авиони способни да носат нуклеарно оружје во Белорусија. Како што посочи рускиот претседател, Москва, исто така, веќе префрлила во Белорусија голем број тактички ракетни системи „Искандер“ кои можат да се користат за лансирање на ракети со нуклеарни боеви глави.  

Тактичкиот ракетен систем „Искандер“, кој може д асе користи за лансирање ракети со нуклеарно вооружување/Фото: Википедија

Инаку, Белорусија беше една од точките преку која Русија ја почна инвазијата врз Украина, минатата година. Руските сили од територијата на Белорусија ја стартуваа офанзивата за завземање на украинскиот главен град Киев, операција која заврши неуспешно.  

Во меѓувреме двете земји формираа заедничка воена единица во Белорусија и одржаа бројни вежби. Голем број руски воени авиони и авиони за рано предупредување и контрола се распоредени во Белорусија.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети по состанокот во Мала Речица: Разговаравме за „Европскиот фронт“, а следната недела ќе зборуваме и за работите внатре во ДУИ  

Следно

Какво ќе биде времето до петок?

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop