Морничава теорија за тоа зошто Епштајн толку често во мејловите одговарал со „упс“

February 13, 2026
1 min read

Анализирајќи ги шокантните тврдења и електронската пошта од објавените досиеја, набљудувачите претходно забележаа дека зборови како „пица“ и „сладолед“ се споменуваат невообичаено често и надвор од контекст, поттикнувајќи шпекулации за нивно скриено значење. Сега, во фокусот се најде нов збор – “whoops”! („упс“). Откриено е дека тој го користел зборот „упс“ во 316 пораки.

На што одговарал така?

Се чини дека тоа бил вообичаен одговор на Епштајн на веста за нечија смрт. Така на е-меил во кој го известуваат за смртта на извршниот директор на Дојче Банк, Стивен Елкман, тој одговара само со „упс“. Тој реагира на ист начин и кога е известен за смртта на Мери Кенеди, сопруга на Роберт Ф. Кенеди Џуниор, која си го одзеде животот во 2012 година.

Употреба во друг вознемирувачки контекст

Една особено вознемирувачка порака гласи: „Таа рече дека го почувствувала Божјото присуство до неа додека била во кревет. Таа знае дека Исус ја чува… Упс!“. Се верува дека Епштајн во овој случај се осврнува на сексуална злоупотреба или смрт на млада девојка.

Во друга преписка, Епштајн одговара со „упс“ откако неименувано лице пишувајќи му му бара  „дозвола да убие“ некого што ги излажал двајцата. Истиот збор се појавува како негова реакција на веста за наводно силување на млада жена.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја и вода делови од Скопје

Latest from Blog

Без струја и вода делови од Скопје

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе останат дел од улиците Тиквешка, Нов Живот, „Индира Гранди“, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Злетовска, Слан Дол, „Хаџи Јован Шишков“ во Општина Шуто

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само
Go toTop