Млекото, млечните производи, макароните и шпагетите од денеска со намалени цени

March 16, 2023
1 min read

Пониски цени од денеска имаат макароните, шпагетите, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот без додатоци

ФОТО: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Од денеска во маркетите може да се купат поевтини тестенини, како и млеко и млечни производи. Поевтинувањето на овие основни прехранбени производи доаѓа откако Владата донесе одлука за нивно намалување за 10, односно 15 отсто.

Од тестенините намалени цени за 4-7 денари имаат макароните и шпагетите.

Пониски цени од денеска имаат и трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кравјиот кашкавал – со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, киселото млеко, павлаката и јогуртот без додатоци. Овие производи се намалуваат за 10 отсто од цените што се применувале на 1 март.

Утринава во маркетите веќе можеше да се забележат намалени цени на производите. Трговците подготвени ја дочекаа одлуката што Владата ја донесе уште минатата недела, но остави временски рок за таа да се примени.

Млекото, кое досега чинеше од 75 до 80 денари, од денеска се продава од 68 до 72 денари. Сирењето од 430 денари, сега чини 387 денари, а јогуртот од 80 денари, денеска се продава за 72 денари.

Одлуката за намалени цени на тестенините и млекото и млечните производи ќе се применува до 31 мај годинава. Сепак, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ако по 31 мај цените на овие производи повторно се нелогични можно е да следува и ново замрзнување на цените.

Според Бектеши, не се очекува недостаток на овие производи, а вели и дека ниту една компанија нема да има загуба зашто е даден дозволен процент на профитна маржа, што значи дека не се укинува одлуката за маржите, тоа продолжува да важи, само паралелно се замрзнуваат цените.

Очекувањата на Бектеши се дека стопанствениците во државата ќе бидат солидарни, ќе ги почитуваат одлуките на Владата и нема да дозволат кризата да биде само на грбот на граѓаните.

Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека од денеска нивните инспектори ќе бидат постојано на терен и ќе контролираат дали цените производите опфатени со оваа владина одлука се намалени за 10, односно 15 отсто.

Освен овие основни производи, во Министерството за економија се прават пресметки за списокот на замрзнати цени да биде проширен и со шеќерот, јајцата од кокошка и македонскиот ориз.

Вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека како што се преземени мерки за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи – тоа е навестено и за една низа други продукти, а се следат и цените на овошјето и зеленчукот кои, исто така, ако трговците, но и производителите сами не ги намалат, можно е Владата да реагира со нова Одлука.

Ова е второ замрзнување на цените годинава. Претходно, на владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари.

Исто така, поради тоа што претходно не ги намалија цените, беше укинато субвенционирањето, односно повластената тарифа на струјата за производителите на основни прехранбени продукти.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пилешки крилца как да си метнех

Следно

Израелските сили ранија шестмина Палестинци во Наблус

Latest from Blog

Психологот Стојанова: Процесот на закрепнување на повредените од Кочани е тежок и бавен

Девет психолози од Кочани, Охрид и Скопје веќе една година работат со повредените и родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. Во Центарот за ментално здравје секојдневно преку работилници и разговори,

Божиновска: Ваучери до 28.000 денари за 4.070 ранливи домаќинства за инвертер клими

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека се објавени списоците на граѓани кои добиле право на ваучер за купување и вградување инвертер клима уред, како дел од мерките
Go toTop