Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори

February 9, 2025
1 min read

Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ќе биде апсолутен победник на локалните избори кои треба да се одржат во првата половина на октомври, годинава, вели премиерот Христијан Мицкоски и се повика на партиските анкети на јавното мислење според кои нивната предност е 4:1 во однос на вторангираната партија.

-Очекувам за нешто повеќе од седум месеци од денеска да отпочне официјално кампањата, таму некаде првата половина на октомври да се случи првиот и вториот круг на локалните избори. Јас сум реален оптимист дека коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која што ќе биде апсолутен победник, врз основа на мерењата која што ние ги имаме. Сега ќе видиме на терен како ќе биде и каква е волјата на граѓаните. Но ние правиме редовно секој месец, најмалку две, а понекогаш и три мерења на јавното мислење преку одредени атрибути кои што ги тестираме преку одредени политики, да видиме дали сме на прав пат или не сме. И ценам дека досега од тие бројки кои што ги имаме од месец во месец сме се подобри. Јануари беше подобар од декември кој што беше најдобар. На последната теренска анкета која што ја добив рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше над 30 проценти, а втората партија беше со рејтинг од 6,8 проценти. Така што сега ако порано зборувавме за предност од 3:1, сега е повеќе од 4:1, и очекувам тој тренд да расте до одредено ниво и потоа да се стабилизира бидејќи ќе биде исцрпен капацитетот, тоа е волуменот на гласачи, рече Мицкоски на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.

Што се однесува до имињата на потенцијалните кандидати за градоначланици, во тек е внатрепартиската процедура, при што како што нагласи, ќе биде земено предвид мислењето на членството, како и мислењето на граѓаните, од кое ќе се направи симбиоза по што ќе излезат со имињата на кандидатите пред органите на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО Затворена раскрсницата пред Зоолошка градина: „Нашите градови се небезбедни, тоа мора да се промени“

Следно

Саудиска Арабија ги осуди изјавите на Нетанјаху за преселување на Палестинците во кралството

Latest from Blog

Араухо погоди за победа, ама голманот Гарсија е херојот на Барса!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Барселона го победи Рајо Ваљекано на својот „Камп Ноу“ со резултат 1:0, па пред вечерашниот „Мадрилењо“ чекаат со +7 во споредба со Реал. Единствениот гол на натпреварот го постигна Роналд Араухо

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката
Go toTop