Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

December 4, 2024
1 min read

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството, посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на Весна Дамева од претседателската функција на Судскиот совет.

-Ценам дека овој Судски Совет и судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат од граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, треба да биде правило во иднина. Дека секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине, рече Мицкоски.

Премиерот очекува справувањето со криминалот и корупцијата да биде во фокус на обвинителите.

-Очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред сè важи за обвинителите кои што сред акција кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, покачена температура, грчеви во стомак, дијареа, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата кај 21-годишник во Радовиш пронајде дрога, пушка…

Следно

СЗО евакуираше 11 деца болни од рак од Газа во Јордан

Latest from Blog

Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор. Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од

Општина Битола со субвенции за адаптација на домови на лица со попреченост

Општина Битола објави јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом.Согласно програма за социјална заштита на општина Битола
Go toTop